Dark Mode Light Mode

Апасиев до Алијанса, Алтернатива и Беса: Памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница

Ќе има ли опозицијата 61 пратеник за во четврток да ја собори владата на СДСМ и ДУИ? Ова прашање се отвори особено откако пратеникот Скендер Реџепи – Зејди од Алијанса за Албанците почна да се колеба иако потпишал дека е за соборување на владата. Не сакал да биде заедно со „Левица“.

Лидерот на „Левица“ сето ова го прокоментирал на Фејсбук. Напишаното од Димитар Апасиев ви го пренесуваме во целост:

-Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да ја стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9.

Реклама

Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, напишал Апасиев.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

РЕК Битола повторно во функција, продолжува производството на струја

Next Post

Царовска во Полска: Генерациите да се насочуваат кон вистински етички, морални и човечки вредности

Реклама