Dark Mode Light Mode

Каква порака му упати Ахмети на Заев преку средбата со Мицкоски?

Откако вчера попладне премиерот во оставка Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети се сретнаа во Собрание, после оваа средба првиот интегративец го повика на средба и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

– Получасовната средба се одржа на барање на Ахмети. Тема на разговор беше прашањето околу четврточното гласање за доверба на Владата на СДСМ/ДУИ, за што до Собранието беше поднесена иницијатива потпишана од 61 пратеник, брифираат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ пак се поконкретни во брифингот, па велат Ахмети сакал да чуе директно од Мицкоски делови од програмата на ВМРО ДПМНЕ на тема Преспаснкиот договор, договорот со Бугарија, двојазичноста, и други… Се со цел да се знае дали може воопшто да постои простор за договор меѓу двете страни.

Реклама

Дали ова значи дека ДУИ веќе разбира дека Заев е потрошен политичар? Дали и ВМРО ДПМНЕ отворено играат со сите за да по секоја цена се симне од власт Заев? Како на оваа средба ќе реагираат Алијанса, Беса и Алтернатива? Што ќе значи средбата со Ахмети за 61 потписи собрани за во четврток да може да се стави на дневен ред гласањето недоверба на владата? Дали можеби Мицкоски им испрати порака на помалите партии во албанскиот блок, откако вчера пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи се изјасни дека нема да го урива Заев?

Многу прашања. Одговорот ќе стигне најдоцна во четврток. Засега се знае само тоа дека со Заев се поретко некој се сретнува.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев на средба со Ахмети во Собранието

Next Post

Од утре до 22 ноември се одбележуваат 50 години од македонскиот анимиран филм

Реклама