Dark Mode Light Mode

Заев нема да ја одолговлекува оставката, тврдат од Владата

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември,  велат од кабинетот на Зоран Заев и ги нарекуваат неточни информациите дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката.

Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Зоран Заев во неделата вечерта по вториот круг од локалните избори, изјави дека поднесува оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите изборни резултати, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат. Тој исто така ја отрли идејата дека се потребни предвремени парламентарни избори.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Маж нападнат во сопствениот двор во Шуто Оризари, завршил на клиника

Next Post

Пак млад живот згасна: 16-годишно девојче почина од Kовид, нема анализа за смртноста кај младите

Реклама