Dark Mode Light Mode

По интензивните партиски „бомбардирања“ в петок на полноќ настапува изборниот молк

Нецели два дена не делат од краjот на изборната кампања за локалните избори. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги известува дека изборната кампања за вториот круг од локалните избори трае до 24 часот на 29 октомври. Од 30 октомври заклучно со 19 часот на 31 октомври важат правилата за изборен молк.

За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Реклама

Иако овие две недели меѓу првиот и вториот круг немаше толку митинзи, сепак изборната пропаганда како да беше пуштена на најјако со секојдневни прес-конференции, бомбардирања со пораки и ТВ спотови, пропаганден материјал.

В петок на полноќ партиите и политичарите ќе ја завршат својата работа во рамки на кампањата, а што не очекува од понеделник, се зависи од резултатите в недела.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бугарската Амбасада побарала да го посетат Орце Камчев во Шутка, судијата дозволи

Next Post

17-годишно девојче почина од ковид на Инфективна

Реклама