Dark Mode Light Mode

Бугарската Амбасада побарала да го посетат Орце Камчев во Шутка, судијата дозволи

Бугарската амбасада во земјава испратила барање до Министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ да се дозволи на советник во амбасадата да го посети бизнисменот Орце Камчев, кој од март годинава се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари како обвинет во предметот Плацови на Водно.

Судијата Илија Трпков, кој го води судскиот процес и даде согласност да се оствари таа посета, на денешното рочиште рече дека Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев.

Посетата, според најавата, ќе биде на 5 ноември.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На истекот на кампањата Шилегов го објави тендерот за новиот јавен превоз во Скопје

Next Post

По интензивните партиски „бомбардирања“ в петок на полноќ настапува изборниот молк

Реклама