Dark Mode Light Mode

(ФОТО) ГТЦ не е за гушкање, за жалење е

Ќе го правеа барок, ќе го гушкаа, го нашминкаа со графити, со парк на покрив. Секој што живее во Скопје веднаш ќе ја препознае асоцијацијата на Градскиот трговски центар, едно од најпрепознатливите зданија на главниот град.

Секој што доаѓаше за градски татко додаваше по некој детаљ, но никој не успеа да го направи сосема чист и среден за пример.

Еве на пример да ја видиме страната која е најизложена на окото на минувачие, онаа која гледа кон Жена парк.

Реклама

Оваа слика со месеци (а може и со години) е ваква – на еден од влезовите си стои куп градежен материјал, кој оние што го оставиле миселе дека „го решиле“ со тоа што го покриле со лимови и му ставиле лента околу.

Иако за расчистување не се потребни повеќе од половина час, никому досега не му влегла во око депонијава од шут и градежен материјал.

А на само два -три метра понатаму уште еден куп ѓубре и некакви кабли.

Освен ако не е некаква „уметничка инсталација“, не знаеме дали има оправдување за вакво нешто среде центар.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Случај „Плацови на Водно“, Мијалков со прашања до Ивановски - Теранова

Next Post

Градоначалникот на Кисела Вода како колегата од Бања Лука - ги собра клучевите од службените коли

Реклама