Dark Mode Light Mode
Отворете очи при гласање, удрен ли е печат на ливчето
Не попушташе 19 месеци, ама на 5 дена пред избори Владата се премисли: Се отвораат ноќните клубови
Вечерва во Филхармонија концерт со гости од Европа под наслов „Зимски соништа“

Не попушташе 19 месеци, ама на 5 дена пред избори Владата се премисли: Се отвораат ноќните клубови

Внимавајте, вакцинирајте се и држете растојание, не подиќува Владата секој ден како да се чуваме во време на пандемијата. А вирусот си демне… И сега одеднаш, откако речиси две години беа под клуч, од викендот што следува ноќните клубови ги отвораат вратите за журките на затворено. Пред неколку дена кога Владата не сакаше да чуе за укинување на оваа рестрикција, сопствениците на клубови се собраа на состанок договарајќи дека ако таа не пресече во нивна корист, тие самоиницијативно, спротивно на нејзините одлуки ќе отворат и ќе организираат журки.

Но, немаше потреба од тоа бидејќи владата на 5 дена пред вториот круг одлучи да им даде можност да работат, оти како велат „епидемиолошката состојба го дозволувала тоа“.
-Како го дозволува тоа епидемиолошката состојба кога бројот на новозаразни расте секој ден, а на починати во континуитет е двоцифрен?
-Зошто не се направи пред неколку недели на пример, туку сега пред гласање, и зошто одеднаш се предомисли тимот на Илинденска кој одлучува?
-Каде е комисијата за заразни болести, никој од таму се нема појавено со месеци?
-Зошто не се укинат тогаш и други мерки кои се не баш продуктивни?

Главниот услов кој ќе треба да го исполнат љубителите на ноќниот живот ќе биде да имаат примено вакцина. За почеток со само една доза, но веќе од 15 ноември со две дози од вакцината, што ќе важи и за влез во другите локали и објекти. Сепак дозволено им е да работат со само 50 отсто, односно половина од капацитетите.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Отворете очи при гласање, удрен ли е печат на ливчето

Next Post

Вечерва во Филхармонија концерт со гости од Европа под наслов „Зимски соништа“

Реклама