Dark Mode Light Mode

Изгаснат пожарот во старите бараки во Парк

Пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје е изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.

Претходно Симоновски, информираше дека нема голема материјална штета, ниту повредени или жртви, но дека сериозен проблем биле нефункционалните хидранти.

Реклама

– Многу пати сме кажале дека хидрантската мрежа не ни е точно обележана и каде имаме доволно за полнење вода, изјави Симоновски.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, во изјава за медиумите од местото на пожарот, рече дека станува збор за монтажни бараки стари преку 50 години, кои брзо гореле и благодарение на брзата реакција на пожарникарите се спречило ширење на пожарот и поголема материјална штета.

– Имаме мал зафат на пожарот на покривот на ресторанот „Томче Софка“. Сега бев и со сопственикот, се е во ред и нема поголема материјална штета, изјави Шилегов.

Прашан за тоа дали можеби изгореле некои документи или се планира изградба на некакви згради, Шилегов рече дека е жално што една политичка партија и во вакви тешки моменти наоѓа простор за политика.

– За мене примарно е да се провери дали имаме жртви и оштетувања. Ова е документација на Основен суд Скопје 1, не е на Град Скопје. Документацијата на Град Скопје е целосно безбедна, дигитализирана, со бек-ап дигитален. Ова не е пиши-бриши варијантата, која постоеше до 2017 година. Овде не е предвидена изградба на згради колку што јас знам. Детален урбанистички план не е донесен, земјиштето е во сопственост на државата, изјави Шилегов.

Тој најави дека просторот, штом ќе заврши гаснењето на пожарот, ќе биде уреден за спорт, во рамки на Градскиот парк.

Пожарот беше пријавен денеска околу 16 часот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Голем пожар во бараките во Градски парк

Next Post

Утре без вода делови од Центар

Реклама