Dark Mode Light Mode

Делови од Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Студеничани утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Студеничани, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Добромир Хрс“ и „Лазар Димитров“, а од 08:30 до 12:00 часот од улицата „Зеленгора“, Општина Кисела Вода. Исто така, од 08:30 до 12:30 часот без  струја ќе бидат објектите на бул. „Гоце Делчев“ во близина на Бензиската пумпа – „Макпетрол“ спроти поранешниот Саем, како и околните објекти на кејот „Димитар Влахов“ до зградата на МРТВ, Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Драчевска“ и „Студеничанска“ во селото Драчево, Општина Кисела Вода, и во истиот термин од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 60 во селото Волково, Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 11:00 до 13:00 часот од село Студеничани (од џамијата кон училиштето), Општина Студеничани.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ем се бара внимание да не се шири вирусот, ем дискотеки ќе се отвораат

Next Post

Заев најави 12 милијарди инвестиции, а каде се претходно најавените?

Реклама