Dark Mode Light Mode
Утре без вода делови од Центар
Зошто ДИК на 5 дена пред избори одлучи да важат и гласачките ливчиња кои немаат печат?
Издржете, уште три дена па завршува изборната кампања

Зошто ДИК на 5 дена пред избори одлучи да важат и гласачките ливчиња кои немаат печат?

Државната изборна комисија донесе одлука за важечки ливчиња во кутиите за гласање да се сметаат сите оние на кои е видлив изборот на гласачот, без разлика дали ливчето има печат од Избирачкиот одбор или не. Оваа одлука е донесена вчера, на само пет дена пред вториот изборен круг, и е спротивна на она што е пропишано со Изборниот законик.

Прашањето е зошто се одлучува нешто вакво токму сега? ДИК ќе мора да даде аргументирано образложение, оти откако одлуката излезе не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи во насока на тоа дека се подготвуваат некакви изборни нерегуларности.

Уште повеќе дискутабилна е оваа новина откако единствениот член кој не гласал за одлуката е Кренар Лога од Алијанса за Албанците, за дел од медиумите на албански јазик изјавил дека се сомнева дека ова се прави тенденциозно. Сите останати членови на ДИК ја поддржале одлуката.

Реклама

Инаку според членот 109 став 2 од Изборниот законик „гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот.“

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре без вода делови од Центар

Next Post

Издржете, уште три дена па завршува изборната кампања

Реклама