Започната е постапка за формирање на дисциплинска комисија во училиштето „Панајот Гиновски“, која треба да ги утврди околностите и да одлучи како ќе постапи со наставникот по англиски јазик кој тепаше ученик од 7 одделение.
Денеска во училиштето имало инспектори од Државниот просветен инспекторат, а повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.
Случајот се откри минатата недела откако на социјалните мрежи се поави видео на кое се гледа како наставник тепа ученик, и притоа дури и го крева од земја. Видеото го објавиле соученици на детето кои го снимиле и потоа објавија дека се работи за училиштетот „Панајот Гиновски“ во Бутел, дека се работи за дете од 7 одделение и дека наставникот е по англиски јазик.
Случајот во МВР го пријавила директорката на училиштето.