Dark Mode Light Mode

ЈО ги проверува тврдењата за притисоци во Прилеп што ги објави ВМРО-ДПМНЕ

Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство.

Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички противници на денот на изборите, од Обвинителството велат дека се проверуваат наводите, кои се доставени до надлежното основно јавно обвинителство со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности.

Од Обвинителството ја потсетуваат јавноста дека во функција е електронската адреса izbori@jorm.mk на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.

Реклама

Од Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрлија, како невистинити тврдењата од  ВМРО-ДПМНЕ за „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.

Од МВР велат дека по проверките, на денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што според нив е доказ дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.

МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, со напомена дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого.

Исто така велат дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нова автобуска линија 50А -продолжена е трасата до Хиподром 2

Next Post

Дисциплинска комисија ќе одлучува за наставникот што тепа дете во школото во Бутел

Реклама