Dark Mode Light Mode

Зимското сметање на времето почнува в недела

Зимското сметање на времето годинава почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за еден час наназад. Со тоа, времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Интересно е што промената на времето, годинава, се поклопува со денот на вториот круг на локалните избори во Македонија.

Промената на часовниците со години подлежи на дебата, поради тврдењата дека предизвикува низ здравствени и психолошки нарушувања кај човекот. Според некои научници, поместувањето на часовникот може да доведе до низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија, губење на енергијата.

Реклама

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не ја донесе конечната одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Исклучок се Русија, Белорусија и Исланд.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починати 11 лица и 135 нови заразени од 1.514 тестирани

Next Post

Џабе фалењето за намалено загадување - почнаа утрата задушени во чад и смог

Реклама