Dark Mode Light Mode

Значајно намален интересот за вакцинација, призна Филипче

Значително е намален интересот за вакцинација. Ако досега индикација беше затворањето на најголемите пунктови во салата „Борис Тајковски“ во Скопје, тоа сега го призна и министерот за здравство Венко Филипче.

-За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани. И затоа апелирам да се вакцинираат сите, мора да го заштитат здравјето, мораме постепено да ги враќаме сите процеси во нормала и исто така е еднакво важно да го заштитиме здравствениот систем, изјави тој денеска.

Тој тука ја гледа и причината за процентот на заболени, односно дека вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

Реклама

Иако се потенцира дека нема притисок во болниците, се уште има одделенија кои се ковид-центри, не работат со основната дејност. Во услови кога има вакцини на располагање, Филипче смета дека  тоа не треба да биде сценарио и треба граѓаните да се заштитат себе си и здравствените капацитети и кадарот кој работи во делот на своите специјалности

Тој најави дека на следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за неопходност од тоа да се има две дози вакцини, нешто што се најавуваше уште пред изборите но не се оствари.

Се работи за тоа дека сертфикат за вакцинација ќе се издава само со примени две дози вакцина.

Целта на најавата пред три до четири недели, како што вели, е граѓаните да имаат време да примаат две вакцини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

35 Авганистанци си заминаа од кај нас и отидоа во Грција

Next Post

Претеруваат ли градежниците со цените на станови?

Реклама