Dark Mode Light Mode
Претеруваат ли градежниците со цените на станови?
14 починати од кои 11 вчера – има нови 490 заразени или 16 отсто од тестираните
Наутро облачно, преку ден сончево

14 починати од кои 11 вчера – има нови 490 заразени или 16 отсто од тестираните

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (83, 80, 78 и 66), 3 од Куманово (93, 69 и 48), 2 од Прилеп (79 и 35) и по едно починато лице од Струмица (67) и Радовиш (79). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и од Гевгелија на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Реклама

Новите 490 заразени се потврдени од направени 3.073 тестирања што е 16 отсто. Претходите денови овој процент секојдневно се зголемува.

Регистрирани сe и 201 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974, додека во Скопје не нешто над 3.000.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претеруваат ли градежниците со цените на станови?

Next Post

Наутро облачно, преку ден сончево

Реклама