Dark Mode Light Mode
За 4 години се копа до центарот на планетата, а не пак да се отвори рудник за јаглен
Професорот Ѓорѓиев ја напушти историската комисија со Бугарија: Има политички притисоци, се занемаруваат националните црвени линии
Викенд-прогноза: В сабота дожд, од недела сериозно заладува

Професорот Ѓорѓиев ја напушти историската комисија со Бугарија: Има политички притисоци, се занемаруваат националните црвени линии

Ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија, соошти денеска универзитетски професор и историчар Ванчо Ѓорѓиев. Во објавеното соопштение тој наведува дека се „раководи од професионалниот интегритет и личните принципи“. Воедно тој ги повикува другите членови во македонскиот дел од комисијата „да не виткаат кичма“.

Во соопштението до јавноста тој наведува дека одлуката ја донел денеска и ги наведе конкретните причини за оставката:

1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден  (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;

Реклама

2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;

3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;

4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;

5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“, се вели во соопштeнието.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За 4 години се копа до центарот на планетата, а не пак да се отвори рудник за јаглен

Next Post

Викенд-прогноза: В сабота дожд, од недела сериозно заладува

Реклама