Dark Mode Light Mode

За три дена втора сообраќајка со жртва на автопатот Скопје-Тетово

Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.

Денеска на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски надвоник кај месноста „Еребино“, патничко возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Демнат крадци, не оставајте ништо вредно во колите

Next Post

Некои прележани од ковид имаат срцеви и белодробни проблеми потоа

Реклама