Dark Mode Light Mode

МЗ: Над 49% возрасно население е вакцинирано

Заклучно со 17 октомври, барем со една доза од вакцината против ковид-19 е вакцинирано 49,4 отсто од населението над 18-годишна возраст, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот на вакцинација е поголем кај лицата над 40 години и изнесува 57 отсто, додека кај граѓаните помеѓу 18 и 39 години вакцинирани се 33 отсто.

Според последните податоци што ги објавија здравствените власти, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите:

Реклама

  • Неготино – 66,3 отсто;
  • Кавадарци – 65,3 отсто;
  • Охрид – 65,1 отсто;
  • Гевгелија – 62,4 отсто;
  • Ресен – 60,6 отсто.

Помеѓу 50-60 проценти опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите: Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50 отсто, пак, вакцинирани полнолетни граѓани има во: Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, М Брод и Тетово.

Најмалку вакцинирани односно помеѓу 30-40 отсто во моментов има во: Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Српски државјанин во возило шверцувал 14 Кубанци, фатен кај Гевгелија

Next Post

Заев може да е мирен - ПЕП21, ВМРО-НП и Партијата на пензионерите му се заколнаа на верност

Реклама