Dark Mode Light Mode

Ќе се разбудиме со магла, во текот на денот пролет

Времето денеска наутро во одделни котлини и речни долини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро.

Реклама

В сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а в недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ужас во Скопје: Жена изгоре во пожар

Next Post

Алборг му се одмазди на Вардар – втор пораз во низа за „црвено-црните“

Реклама