Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Цените ќе растат и за 50%, а горивата над 80 денари за литар, a Заев вели тоа е најдоброто

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

-Од лани до сега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%. Животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне.

Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо.

Реклама

Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит. Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе.

Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек, се наведува во партиското соопштение.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто граѓаните не брзаат кон вакциналниот имунитет за кој навива здравствената власт?

Next Post

Концерт на виолинистките Кодратенко и Богоевска

Реклама