Dark Mode Light Mode

Апасиев со цитат од Кастро на Фејсбук – дали му одговори на Мицкоски?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со цитат од Фидел Кастро преку социјалните мрежи, упати порака дена нема да коалицира со партии кои имаат дамки во своето работење.

-Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“, напиша Апасиев.

Ова може да се толкува и како одговор на вчерашниот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обединување на опозицијата за уривање на власта. Како што рече Мицкоски, изборите покажале дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта, а заедничка цел на опозициските гласови е промена на власта, па затоа повика на здружена опозиција на леви, центар и десни партии.

Реклама

-Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го побара и народот на овие избори. Македонија има иднина и мора да победува, на чекор сме сите заедно да направиме големи работи, иднината да дојде сега заеднички сите заедно обединети до целта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бардовчани до министерот Спасовски: Дали поважно е колкумина ќе седат во кафана од проблемот со Прифатниот центар?

Next Post

Српски државјанин во возило шверцувал 14 Кубанци, фатен кај Гевгелија

Реклама