Dark Mode Light Mode

Издржете, истекуваат последните часови од кампањата

 

Уште половина ден и завршува изборната кампања за локалните избори во Македонија. Издржете!

Граѓаните треба да го издржат настојчивото бомбардирање со патриски ветувања за рајски живот во своите населени места. Политичарите треба да издржат оти толку се растрчани  низ Македонија што чудо ќе биде ако не папсаат доколку уште трае кампањата – тие не се навикнати на толку работа.

Реклама

Среќа вечерва на полноќ започнува изборниот молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги известувa дека од утре заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

Да, за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања. Односно ќе ги нема многуприсутните реклами.

Од полноќ настапува период на послени средувања на мислите на гласичите – кому да му поверуваат дека дадените ветувања се остварливи и кандидатот знае и може да ги спроведе. Во недела со пенкало ќе го дадат одговорот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ИЗБОРИ: Бомбардирање од ветувања, во недела гласачите кажуваат кому му поверувале

Next Post

Со клечење и молење го „храбрат“ Брисел да ни дава празни ветувања

Реклама