Dark Mode Light Mode

На 29 октомври се отвора нов мол „Ист Гејт“- дали ќе добиеме некој нов саемски простор?

Со месеци се зборува дека наскоро во Скопје ќе се отвори нов мол, трговски центар со огромен број продавници, најголем во регионот. И ете денеска конеќно информација дека тоа ќе се случи.

Тој никнува на местото кое скопјани го знаат како Скопски Саем, место каде со децени се одржуваа саемски изложби на се и сешто, новогодишни и велигденски панаѓури…

Во најавата за новиот трговски центар стои дека Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови, кои се на простор од 2.000 м2.

Реклама

Ќе бид на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и 2.000 паркинг места, каде се очекуваат 12 милиони посетители.

Освен продавници ќе има и кафулиња и ресторани и кина.

На секој главен град несомнено му се потребни молови, продавници, ресторани. Но и на секој нормален град, особено главен му треба и саем, односно простор каде производителите и увозниците ќе ја изложуваат своја стока, каде ќе се организираат саеми на книга, на гастрономија… За жал Скопје тоа одамна го нема. А дали ќе го има?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И денеска иста слика со ковид: Над 400 нови заразени, 9 починати вчера и уште четири од претходно

Next Post

Со пасош од роднина турски државјанин сакал да ја напушти земјава

Реклама