Dark Mode Light Mode

И денеска иста слика со ковид: Над 400 нови заразени, 9 починати вчера и уште четири од претходно

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица како последица на ковид, и уште четири ќе бидат ставени во денешната статистика, а починале на почетокот на овој месец.

Од починатите во изминатото деноноќие, 4 се лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистерот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година: по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Реклама

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693 од кои 3.372.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Патиштата до Берово и Делчево со децении плачат за реконструкција, плачат од лажните ветувања...   

Next Post

На 29 октомври се отвора нов мол „Ист Гејт“- дали ќе добиеме некој нов саемски простор?

Реклама