Dark Mode Light Mode

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги известувa дека од утре заклучно со 19 часот на 17 октомври, важат правилата за изборен молк.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Реклама

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно време со врнежи од дожд и температура до 11 степени

Next Post

ИЗБОРИ: Бомбардирање од ветувања, во недела гласачите кажуваат кому му поверувале

Реклама