Dark Mode Light Mode

Филмот „Сестри“ на Дина Дума е наш кандидат за „Оскар“

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот:„Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Реклама

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 27март 2022 година, во Лос Анџелес.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ова ли е таа стабилност: Денеска 12 починати и 8 од претходно и 412 нови заразени

Next Post

Граѓаните плаќаат цел живот здравствено осигурување, а само околу 600 дневно државно можат да се тестираат за ковид

Реклама