Dark Mode Light Mode

Десет од 484 Авганистанци што беа кај нас заминаа за Франција

Заврши привремениот престој во земјава за група граѓани од Авганистан.

Десетмина од вкупно 484 Авганистанци, кои Северна Македонија ги прими изминатиот период откако талибанците ја преземаа власта во Авганистан, синоќа заминале во Франција каде што ќе чекаат да им се признае правото на азил.

Тие ќе престојуваат во Франција додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Реклама

Македонија како дел од меѓународната хуманитарна мисија досега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

Во Скопје, каде што имаат привремен престој, обезбедено им е сместување во објекти, здравствена заштита и психолошка поддршка. Трошоците не се на сметка на државата туку ги покриваат меѓународните организации.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски виде македонска православна црква во Малме

Next Post

Скопјанец фатен на Богородица со четворица мигранти од Куба

Реклама