Синоќа околу 20 часот на влезот за село Богородица, гевгелиско, полицијата го привела З.Љ.(42) од Скопје, откако во неговото возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба и еден малолетник.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.