Dark Mode Light Mode

35% од населението во земјава е целосно вакцинирано, 45% од возрасната популација

Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина, соопштија од Министерството за здравство.

Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани.

Според здравствените власти, 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Реклама

„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години“, пишува во соопштението од здравство.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со денови се додаваат починати од ковид од изминатиот месец - денеска има 10 и 4 од септември

Next Post

Мицкоски: Нема да има седница за пожарот во Тетово за да не се лоцира вина

Реклама