Dark Mode Light Mode

Се следи развојот околу новата француска вакцина против ковид на „Санофи“

Националниот комитет за имунизација ги следи сите истражувања за новите вакцини меѓу кои е и вакцината на француската компанија „Санофи“, велат од Министерството за здравство.

За денеска е најавено пристигнување на 110 612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“ преку Ковакс-механизмот, преку кој до крајот на годината е најавена испорака на уште 100 000 вакцини. Овие вакцини се препорачуваат и за имунизација на деца над 12 години, а ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата.

Кај нас во пунктовите и на терен се аплицираат „Фајзер“, „Астра Зенека“, „спутник В“, „Синофарм“ и „Синовак“.

Реклама

Во меѓувреме, МЗ соопшти дека процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Вчера, од вкупно вакцинирани 12.099 граѓани, со прва доза се вакцинирани 2.969 лица.

Ревакцинирани или со примени две дози се 697.847 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе чекаат ли битолчани 22 години за да се направи патот од 22 километри до Меџитлија?

Next Post

Вечерва на отворено пред МКЦ, фестивал „Добра идеја“

Реклама