Dark Mode Light Mode
Вечерва на отворено пред МКЦ, фестивал „Добра идеја“
Царовска на онлајн состанок со директорите на училиштата заклучија дека мора да има настава со физичко присуство
Скопјанец фатен со тројца илегални мигранти во автомобил

Царовска на онлајн состанок со директорите на училиштата заклучија дека мора да има настава со физичко присуство

Состојбата со ковид -9 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакнала министерката за образование и наука Мила Царовска, утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните и средните училишта во државата.

-Наш заеднички врвен приоритет е и треба да биде превенцијата на училиштата од ширење на ковид 19, бидејќи најдобро е учениците наставата што подолго да ја следат со физичко присуство во училниците“, рекла Царовска, и повикала на доследно почитување на протоколите за заштита од раководствата, наставниците, учениците и родителите – задолжително носење на заштитни маски на затворено, честа дезинфекција на рацете, мерење на телесна температура при влез во училиштата и често проветрување и одржување на хигиена во училишните простории.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата на дневна основа, бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 % од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, над 72% од наставниот кадар е вакциниран, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.

Реклама

Директорите на основните и на средните училиштата потврдиле дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн учење, ако има некаква одлука за истото.

На страна објавите на родителите на социјалните мрежи и пријавите до Народниот правобранител дека има се повеќе заразени во школите и дека протоколите не се почитуваат, како и бројката од ИЈЗ дека за еднаа недела бројот на новозаразени деца до 9 години е за 50 отсто поголем.

Царовска и директорите состанокот го одржаа онлајн.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вечерва на отворено пред МКЦ, фестивал „Добра идеја“

Next Post

Скопјанец фатен со тројца илегални мигранти во автомобил

Реклама