Dark Mode Light Mode

Денеска и утре студено и ветровите, од петок пак се стоплува

За денеска и утре синоптичарите најавуваат ветровито време со повремено засилен северен ветер. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до нула степени.

Од УХМР најавуваат дека по утрешните пониски дневни температури, в петок и за викендот дневните температури ќе бидат во брзо покачување.

Во изминатите 24 часа до 8 часот утрово, најмногу дожд наврна во Крива Паланка и тоа 4 литри на квадратен метар, во Берово и Дојран по 3, во Виница 2, Скопје, Ѓуриште и Куманово по еден литар на квадратен метар.

Реклама

До крајот на денот денеска не очекува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд претежно во северните и источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен до северозападен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со услови за краткотраен дожд и повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 19 степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјанец фатен со тројца илегални мигранти во автомобил

Next Post

Политичари и граѓани се качија на велосипеди, ама само денеска - од утре пак стара песна

Реклама