Dark Mode Light Mode
Македонија била 13.најбрза селекција на ЕУРО 2020
По Народниот правобранител и Наставничкиот пленум реагира: Тешко се држи настава во затворен простор
Скопјанец го дал возилото на поправка во јули, си го зел по неколку месеци со полиција

По Народниот правобранител и Наставничкиот пленум реагира: Тешко се држи настава во затворен простор

Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат големи потешкотии да ја реализираат наставата во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести.

Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава.

Наставничкиот пленум во барањата пратени до МОН и министерката Мила Царовска бараа наставниците да се ослободат од секојдневните дежурства предвидени за период на учење со физичко присуство за време на пандемија.

Реклама

Дека протоколите не се почитуваат во некои училишта деновиве предупреди и Народниот правобранител, врз оснва на пријава од родители.

Но министерката за образование Мила Царовска и тогаш и денеска рече дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и дека таквите случаи се минимални. Сепак, таа вели дека тоа е работа на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонија била 13.најбрза селекција на ЕУРО 2020

Next Post

Скопјанец го дал возилото на поправка во јули, си го зел по неколку месеци со полиција

Реклама