Dark Mode Light Mode

Повторно висок број починати -29, нови 561 заразени

Во последните 24 часа, 29 лица починале како последица од ковид, а од направени 4.384 тестирања, регистрирани се 561 нов случај на ковид-19.

Од починатите, 13 лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).

Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Реклама

Меѓу починатите е и двегодишно дете за кое претходно информираше Министерството за здравство.

Се работи за дете со конгенитални малформации, со дијагнози на бактериска сепса кај новородено, хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија. При последниот прием на клиниката за детска хирургија детето било прегладнето и дехидрирано, а мало и позитивен ковид-тест.

Од новите заразени, во Скопје се 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008, од кои 5.798 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Четири лица се степале во кафеана, едниот извадил пиштол

Next Post

(ФОТО) Седум месеци Град Скопје замижува пред дупката на плоштадот

Реклама