Dark Mode Light Mode

Од ковид почина двегодишно дете – од МЗ велат имало болести и било во згрижувачко семејство

Министерството за здравство попладнево соопшти дека на Клиниката за детска хирургија во Скопје починало двегодишно дете.

Во соопштението стои дека детето пред 5 дена било донесено на Клиниката во тешка состојба – -изгладнето и дехидрирано, а од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба.

-Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, се вели во соопштението.

Реклама

Од МЗ велат дека детето имало долга историја на болести.

-Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување, ввелат од МЗ.

Случајот е пријавен до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјанец го дал возилото на поправка во јули, си го зел по неколку месеци со полиција

Next Post

Четири лица се степале во кафеана, едниот извадил пиштол

Реклама