Тетовец бил уапсен од полицијата поради сомнение дека фалсификувал пари.
Имено, вчера, во 22.10 часот, на улицата Јане Сандански во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б. К. (58) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.
На 14.9.2021, околу 22 часот, во маркет на улицата Јане Сандански во Тетово тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава