Dark Mode Light Mode

Швајцарија ќе прима само вакцинирани – и Белгија и Австрија со нови правила за влез

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина.

Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк.

Реклама

Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк.

Белгиската Влада, пак, воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од тнр. црвени зони, меѓу кои е и Северна Македонија.

Поради зголемениот број на нови ковид-19 пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10- дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија, мора да се обезбеди еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19, што претставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан ковид-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР на следниот линк.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре невообичаено топло, викендов дожд

Next Post

Мицкоски за изјавата на Заев дека не поднесува оставка: Ми предизвикува чувство на гадење

Реклама