Dark Mode Light Mode

Пристигнаа уште 44 Авганистанци

Уште 44 граѓани на Авганистан попладнево пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, кои ќе им се приклуат на претходните 149 колку што примивме по смената на власта во Авганистан.

Станува збор за активисти на организацијата „Тиркиз моунтејн“ и членови на нивните семејства.

Тие привремено ќе бидат сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајната дестинација, а трошоците за нивниот престој во целост ќе бидат покриени од меѓународните организации.

Реклама

Тие ќе добијат поддршка од Црвениот крст, ќе се направи безбедноста проверка, ќе се тестираат со ПЦР тест за ковид-19 и ќе добијат можност да се вакцинираат.

Меѓународната организација за која работеле Авганистанците е со хумана мисија која изминатите години во Авганистан реставрираше 150 историски објекти, третираше околу 165 000 пациенти во клиниката во Кабул, поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар и други активности.

Ова e втора група Авганистанци што доаѓаат во Северна Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа талибанците. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 30 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мајка од Дебар го тепала и го терала да питачи својот осумгодишен син - таа е приведена, детето е во одземено

Next Post

И денеска висок број починати-32, бројот на нови случаи е 13 отсто од вкупно тестираните

Реклама