Dark Mode Light Mode

Заев: Критиките од Пендаровски се добронамерни, нема да ни падне круната

Премиерот Зоран Заев не сака да ги коментира изјавите на претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со последните настани во државата воопшто за работата на ВЛадата. Напротив, вели дека Пендаровски одлично ја врши својата функција, дека е коректив на Владата и дека неговите критики секогаш ги сфаќа најдобронамерно.

-Тоа што тој го соопштува го чувствувам најдобронамерно. Да учиме од слабостите и да се усовршуваме. Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме, истакна Заев, опдговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Пендаровски досега во повеќе наврати искажал спротивни ставови со Владата. Последното беше во однос на трагедијата во тетовската модуларна кови-болница кога во интервју рече дека ако бил на местото на Филипче веднаш ќе си поднел ставка.

Реклама

Вчера во интервју за „Дојче веле“ Пендаровски рече дека не му се нарушени односите со Владата и оти во изминативе 28 месеци со Владата немал ниту едно разидување околу стратегиските прашања – евроинтеграциите, надворешната политика, безбедноста или меѓуетничките односи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјанец во два стана имал лаборатории за марихуана

Next Post

Заев за оставките: Никој не е венчан за функцијата, ама...

Реклама