Dark Mode Light Mode

Цел центар затворен поради подготовките за утрешната прослава

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска, почнувајќи денеска од 11 часот, во централното градско подрачје има изменет сообраќаен режим.

Затворени за сообраќај ќе бидат: ул. „11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов” до ул. „Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот вечерва до 11 часот утре дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев” на потегот  од крстосницата со ул. „Македонија” до крстосницата со ул. „11 Октомври” и ул. „Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул. „11 Октомври” и ул. „11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Три дена попис, а попишувачите уште не знаат кои лица се во изолација

Next Post

Нема веќе дневници како од наше време

Реклама