Dark Mode Light Mode

Од 13 септември, акција за собирање кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

Од 13 до 24 септември ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

Секој граѓанин-жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 06.09.2021 до 13.09.2021 година за подигање на кабаст отпад“ велат од општината.

Реклама

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад ќе треба да го остават пред нивниот објект на безбедна локација за да не ја загрозат безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев ја брани „Северна“ во името на Македонија - многумина го крателе

Next Post

Се чистат четири депонии во Бутел

Реклама