Dark Mode Light Mode

Од 21 септември, еднаш неделно Скопје-Санкт Петерсбург за 80 евра

Рускиот авиопревозник „Нордвинд ерлајнс“ ќе отвори нова авиолинија од Скопје за Санкт Петербург во текот на месецов.

По авиолинијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија на рускиот превозник од главниот град на Македонија, а летовите за Санкт Петербург ќе започнат на 21 септември и ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник, со авион од типот „ембрер Е190“ со 110 седишта.

Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Реклама

Поаѓањето од Скопје е во 14:40 часот, а пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот, додека поаѓањето од Санкт Петербург е закажано за 11:10 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 13:35 часот.

Од авиокомпанијата велат дека ќе ги зголемат и двата неделни лета Скопје-Москва на три неделно, почнувајќи од 28 септември.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се чистат четири депонии во Бутел

Next Post

Димитриевски: Дали сите што се потпишаа зад мојата кандидатура ќе ги исклучат од СДСМ?

Реклама