Dark Mode Light Mode

Димитриевски: Дали сите што се потпишаа зад мојата кандидатура ќе ги исклучат од СДСМ?

Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации. Вака градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски одговори на изјавата на премиерот Зоран Заев, за неговото исклучување од партијата.

Тој вели дека од денешната изјава на претседателот на СДСМ, дека ќе бил исклучен од партијата на следната седница на Централниот одбор на партијата, докажува дека вчерашниот став на Николовски, дека Димитриевски се самоисклучил од партијата не е вистина и дека тој формално правно е се уште член на СДСМ.

-Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле  фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?

Реклама

Заев претходно денеса изјави дека оној што ќе тргне против СДСМ не може да биде член на партијата, за најавеното исклучување на сегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, откога тој се одлучи за независна кандидатура на претстојните локални избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 21 септември, еднаш неделно Скопје-Санкт Петерсбург за 80 евра

Next Post

Граѓаните сакаат сами да ги решаваат локалните проблеми

Реклама