Dark Mode Light Mode

Полицијата за првпат ќе го обезбедува изборниот материјал и терминалите

Полициски службеници првпат на претстојните локални избори ќе го озбедуваат доверливиот материјал, вклучувајќи ги и апаратите за вчитување на отпечатоците од прсти на гласачите. Ова е дел од Правилникот за начинот на постапување на полицијата на изборите што го усвои Државната изборна комисија (ДИК), а е изготвен во соработка со МВР.

Членот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека полицијата до Избирачките одбори ќе го обезбедува транспортот на гласачките ливчиња и избирачкиот список, а за првпат со измените на законот, и техничката опрема за гласање за идентификација преку отпечаток од прст.

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) усвоено е и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти. Барањето и медицинските документи тие треба да ги достават до подрачните единици и канцеларии на ДИК или преку полномошник и по електронски пат.

Реклама

Во понеделник рвите 200 од вкупно 400 терминали за отпечатоци од прсти ќе стигнат во ДИК. На овие локални избори ова е новина и на неа инсистираше опозицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Странец дошол кај родителите на сопругата, ја истепал и им се заканувал

Next Post

Ужасен ден: 32 починати лица - меѓу нив на 32, 45, 47, 48 години

Реклама