Dark Mode Light Mode

Царoвска: Без паника, моделот на настава може и да се смени

МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се што ќе ни биде кажано, изјави денеска министерката Мила Царовска, повторувајќи дека од 1 септември училиштата ќе бидат отворени за сите ученици и дека тоа е прво и најпосакувано од трите сценарија за почеток на новата учебна година.

-Нема потреба од ширење паника и неточни информации, рече Царовска откако на социјалните мрежи се појавија реакции на одлуката за физичка настава, додека бројката на заразени е во пораст.

Најнепосакувани се второто и третото сценарио – наизменично физичка настава и онлајн и само онлајн како лани. Таа се повика на УНИЦЕФ и ОЕЦД и сите други земји, кои велат дека физичкото присуство е најпосакувано и најсоодветно. Но, во даден момент, доколку Комисијата за заразни болести утврди дека треба да се менува моделот, Царовска вели дека се подготвени за сите три сценарија.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Модифицирана вакцината „Спутник В“ за да биде поефикасна против делта

Next Post

Шумските пожари веќе не се несовладливи - скопските пожарникари претставија специјален адитив

Реклама