Dark Mode Light Mode
Град Скопје контра ВМРО-ДПМНЕ: Ништо нема да се урива во СЦ „Борис Трајковски“
И Царовска и средношколците се „за“ настава со присуство, но денешната средба ја одржаа онлајн!?
Бугарија ќе ни донира над 51 илјада вакцини „Фајзер“

И Царовска и средношколците се „за“ настава со присуство, но денешната средба ја одржаа онлајн!?

Сојузот на средношколци денеска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето.

– Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени. Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи колку што е можно подолго, изјавил Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците, според соопштението што го објави МОН.

Цароовска апелирала до средношколците и наставниот кадар доследно да ги почитуваат мерките за заштита и да се придржуваат на протоколите, бидејќи само така  училиштата може подолго да останат отворени.

Реклама

Нито од кажаното не е спорно, освен дека средбата на средношколците и на Царовска се одржала онлајн, а за десетина дена се очекува стотици ученици да влезат во училиштата под посебни протоколи, во услови кога бројките на заразени се повеќекратно повисоки од лани ова време, а состојбата и покрај тоа се оценува како добра.

Владата вчера го прифати предлогот за настава со физичко присуство за сите ученици од основното и средното образование, освен за извесни исклучоци.

МОН исто така потсети дека доколку се влоши епидемиолошката состојба има уште две сценарија за настава, хибриден и онлајн.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Град Скопје контра ВМРО-ДПМНЕ: Ништо нема да се урива во СЦ „Борис Трајковски“

Next Post

Бугарија ќе ни донира над 51 илјада вакцини „Фајзер“

Реклама