Dark Mode Light Mode

Два бомбашки напади на аеродромот во Кабул – 13 загинати меѓу кои и деца

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во два бомбашки напади кои попладнево се случија на влезот во аеродромот во Кабул каде илјадници луѓе чекаат евакуација. Меѓу жртвите има цивили и воен персонал на САД, но официјални бројки не се соопштуваат. Сомнежите се дека зад нападите стојат припадници на Исламската држава.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека експлозиите се случила на два различни влеза во аеродромот. Американски претставници сметаат дека најмалку една експлозија била предизвикана од самоубиствен бомбашки напад. Русија соопшти дека биле изведени два самоубиствени напади.

Талибанците соопштија дека во нападите загинале и деца, а бројни талибански чувари на редот биле повредени.

Реклама

Пред експлозиите, САД и други земји ги повикаа сите кои чекаат ред за евакуација да се повлечат од аеродромот поради опасност од напад од страна на припадници на Исламската држава. Но повикот беше залуден затоа што илјадници Авганистанци се надеваат дека ќе успеат да ја напуштат државата пред истекот на крајниот рок на 31 август.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жител на Крушопек одејќи по улица добил куршум во ногата - пукале во него од автомобил

Next Post

Вечерва облачно со дожд, утре и за викендот сончево

Реклама