Dark Mode Light Mode

Јосифовски: Со редарите ќе настане хаос во угостителските објекти

Не престануваат реакциите на угостителите во врска со новите мерки што ги донесе Владата, според кои во угостителските објекти ќе треба да има редари кои ќе проверуваат дали посетителите имаат вакцинални сертификати за примена најмалку една доза.

-Проблемот ќе настане не само во проверката на гостите туку и во проверката на инспекциските служби, кои со законските прописи немаат надлежност да вршат проверка на гостите и идентификација дали се вакцинирани или не. Па затоа, доколку не се избработи или не се укине оваа предложена мерка ќе настане голем хаос во смисол на начинот на посета на угостителските објекти, со што ќе се оневозможи нормалното функцционирање на самите угостители, вели за Алфа, претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

Според него останува дилемата и дали и како т.н. редари ќе можат да проценат дали сертификатот за вакцинација е автентичен на лицето кое го покажува? Како ќе се утврдува одговорност и кој ќе одговара ако сертификатот е лажен? Колку ќе ги чини угостителите ваквиот начин на функионирање? Неопходни се прецизни одговори за мерката да биде применлива.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И утре пекол, од среда дожд

Next Post

Фестивал на неми и класични филмови од денеска до 16 август во Кинотека на Македонија

Реклама