Пред неколку дена, булеварот АСНОМ почна да се гради и да пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.
Ова е третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ која опфаќа изградба на булевар на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на поранешен „Пролетер“ во населбата Ќерамидница.
Оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно со динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса.
И во овој дел е предвидено булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правци, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување.
Во мај 2020 година целосно беше реконструиран и проширен булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со улица „Васко Карангелевски“ до крстосницата со булевар „Србија“ кај мостот Близнак.
Проширениот булевар во Аеродром сега има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.