Dark Mode Light Mode

Петровска разрешена од Инспекторатот за животна средина, именуван друг кадар на ДОМ

Владата на денешната седница ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и на нејзино место го именува Сретен Стојковски, исто така за в.д. Одлуката е донесена без дебата на седницата со која претседавал првиот вицепремиер, Артан Груби.

Засега не се знае кои, официјално, се причините за разрешувањето на Петровска. Јавна тајна е оти Петровска, која за директорка дојде како кадар на ДОМ, е во конфликт со лидерката на партијата, Маја Морачанин, и дека разрешувањето може да се смета за кулминација на внатрепартиските случувања.

На тогашната седница на Централниот одбор на партијата, со мнозинство гласови, им беше изгласана недоверба, со што Петровска и Богдановски ги изгубија позициите потпретседатели и членови на Извршниот одбор. Причината, како што тогаш наведоа од ДОМ, е нелегитимна иницијатива за одржување вонреден партиски конгрес.

Реклама

Подоцна, Богдановски најави дека ќе дејствува како независен пратеник, а потоа поднесе и оставка.

За в.д. директор на ДИЖС е именуван Сретен Стојковски, кој е член на ДОМ.

Петровска, не сакаше да го коментира ова на прес-конференциата на која даваше отчет за сработеното на Државниот инспекторат за животна средина за првите шест месеци од годинава. Таа дојде на чело на ДИЖС во октомври минатата година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Делчево како Кочани: Пожарот зафати дел од куќите во делчевско село, населението евакуирано

Next Post

Градоначалникот на Берово бара помош за пожарот кој се шири од Пехчево

Реклама